недела, 14 декември 2025
Дирекција за заштита и спасување

Дрисла и утрово се затрупува, отворен оган нема, a чадењето е намалено (ВИДЕО)

Утрово со засилено темпо продолжи затрупувањето на делот од депонијата Дрисла од кој излегува чадењето, а кој е со величина приближно колку фудбалско игралиште, соопшти утрово директорот на Дирекцијата за заштита и спасување. Отворен оган не може да се забележи, чадењето е делумно намалено но се уште присутно.

Објавено на

часот

Сподели

„Од она што можам да го забележам на лице место во депонијата Дрисла, двата земјени пристапни патишта кои во текот на вчерашниот ден беа изработени како насип низ заезерената површина од отпадни води длабока околу 1,5 метри, значително го олеснуваат пристапот до критичното место. Во овој момент работат оптимален број на камиони, багери и булдожери а како што ќе се создаваат услови нивниот број ќе се зголемува“, додаваат од ДЗС. 

На дивата депонија Вардариште нема горење ниту чадење но и денес продолжува затрупувањето на критичниот канал во кој се одвиваше пожарот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ