петок, 5 декември 2025

Дрисла и Градски паркинг добија нови директори

Поранешниот градоначалник на Општина Сопиште Стевче Трпковски е нов директор на ЈП Дрисла, соопштија од Град Скопје. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски покрај на депонијата Дрисла назначи нов директор и на ЈП Градски паркинг. На оваа функција е поставен Владимир Кроневски од партијата Демократски сојуз, кој досега беше директор на Службен весник.

Објавено на

часот

Сподели

Кроневски во мандатот на градоначалниците Коце Трајановски и Петре Шилегов беше дел од ова претпријатие најпрво како раководител на секторот паркиралишта, а потоа и како помошник-директор.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ