недела, 14 декември 2025

Драматично видео од борбата со пожарите на терен, Ангелов извикува: Пази, бегај, повлечи се!

„Пази, бегај, повлечи се. Полека, добро, овде нема да помине, без паника. Не, немој рачно“. Ова се извиците кои се слушаат во позадина на видеото кое Дирекцијата за заштита и спасување го објави попладнево, а во кое директорот Стојанче Ангелов ги координира пожарникарите и лицата кои се ангажирани за гаснење на пожарот. Неколкуте минути од видео во кое се гледаат огромни пламени јазици како наеднаш избувнуваат низ шумскиот предел и во кое се слушаат гласовите на оние кои се постојано на терен, покажуваат каква е опасноста со која овие луѓе секојдневно се соочени и со која се борат, во период кога сите бараме климатизирани простории поради пеколните горештини. Видеото го пренесуваме во продолжение.

Објавено на

часот

Сподели

Како што претходно објавивме, борбата против огнот во ловиштето Јасен продолжува. Од земја дејствуваат припадници на специјалните единици на армијата и полицијата заедно со екипи на ЈП „Јасен“. Од воздух дејствуваат еден ер трактор на Дирекцијата за заштита и спасување и еден полициски хеликоптер, информира директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.

Една линија на пожарот која се протегаше исклучително стрмно над асфалтираниот пат кој низ ловиштето Јасен води од Скопје кон езерото Козјак, е успешно изгасната од страна на армиските Волци со што е спасена поголема површина зимзелена шума, вели Стојанов.

Потенцира дека борбата со огнот на моменти е ризична поради што сѐ уште не може да се воспостави контрола над овој шумски пожар кој се одвива на екстремно тежок терен.

 

 

 

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ