четврток, 2 април 2026

ДПИ издава решенија за забрана на вршење дејност, одземање на лиценци, казни…

Изминативе денови се Државниот пазарен инспекторат спроведе вкупно 116 вонредни надзори врз основа на Законот за угостителска дејност. Изречени се 10 решенија за правни субјекти (кафулиња, клубови) за  привремена забрана. Ова ова се однесува во делот на прекрошна санкција. Утврдено е дека 15 правни субјекти (од вкупно 23) кои имаат активна лиценца не исполнуваат минимални технички услови и кај нив ќе бидат изречени две мерки: решение за забрана на вршење на дејност и предлог до Министерството за економија за одземање на лиценца, изјави денеска Марија Митева, портпаролка на Владата.

Објавено на

часот

Сподели

„Кај 6 правни субјекти кои немаат активна лиценца или им е истечена, а е утврдено дека изминатиот период функционирале, издадени се решенија за забрана на вршење на дејност.

Издадени се 59 прекршочни платни налози во износ од 522.690 денари и по други основи од Законот за угостителска дејност (тие други основи се однесуваат на непочитување на нормативи заверени кај градоначалник, одобренија за тераси, неистакнат број на ДПИ итн. )

Во однос на идните чекори кои ќе се преземаат сакам да ја информирам јавноста дека во координација со МВР овие денови започнуваат инспекциски надзори во објекти за организирање на прослави и настани со посебен акцент на утврдување на минимално техничките услови и категоризација на ресторани, како и за другите одредби од Законот за угостителска дејност.
За жал бројките зборуваат сами за себе, но од друга страна ја потврдуваат потребата од решително и одговорно дејствување. Како влада сме посветени на вистински решенија и целосна транспарентност.
Ќе се погрижиме сите институции да постапат согласно законот, секоја неправилност да се отстранува и санкционира, а јавноста редовно да биде информирана за напредокот. Нашата цел не е само да реагираме, туку да создадеме систем кој работи превентивно и им служи на граѓаните“, рече Митева.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ