„Но, и покрај поголемата количина на заврнат дожд, на некои места од пожарната линија сеуште може да се забележи чадење поради што по кревањето на маглата и чадот ќе продолжиме со пешадиско дејствување врз жешките точки кои покажуваат знаци на горење. Овој терен ќе биде пребаран и со дронови со термални камери. Екипи на ЈП Јасен продолжуваат со патролирање се додека не се потврди дека пожарот е целосно изгаснат“, информираше Ангелов.
Утрово дожд заврна претежно во северните и северозападните делови на државата додека во источните, југоисточните, централните и југозападните делови досега нема врнежи.
„Според прогнозите на УХМР денес се очекува силен ветар до 60 километри на час кој значително ќе го зголеми ризикот од појава на пожари на отворен простор и нивно брзо ширење поради што апелирам до граѓаните да бидат исклучително внимателни за да не предизивикаат пожар но и да го лријават секое сомнително однесување. Апелирам, доколку граѓаните забележат електрични жици кои се допираат или искрат веднаш да пријават во ЕВН или на бројот 112“, вели Ангелов.






