Третиот дел од Серта, на штипската страна над селата Драгоево и Селце, се забележани две огнени точки, врз кои се дејствува со воздухопловите. Дополнително се испратени и црногорскиот и српскиот хеликоптер.
Дождот го изгасна пожарот на Серта
Врз пожарот на Серта имаме апсолутна контрола, благодарение на дождот е изгасен во голем дел. Но, постои опасност на некои места да се појават огнени точки. Да не дозволиме повторно разгорување, информира Стојанче Ангелов, директорот на ЦУК. На неготинската страна, кај селото Каљањево нема горење, но се прават проверки. На другиот дел на Серта, околу воениот полигон Криволак, исто така нема активно горење, но се надгледува од два домашни хеликоптери.

Објавено на
часот





