недела, 14 декември 2025
Време

Дожд со услови за невреме и грмежи

Времето во Македонија денеска ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 30 l/m² за 24 часа), локално со услови за невреме со засилен ветер (над 60 km/h) и појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.

Објавено на

часот

Сподели

Во Скопје, облачно со повремени врнежи од дожд, во делови од котлината повремено пообилни. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен јужен ветер.

Утре времето ќе биде облачно со повремени локални врнежи од дожд, наместа пообилни (над 30 l/m² за 24 часа). Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Дневните температури ќе се движат од 12 до 18 Целзиусови степени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ