среда, 1 април 2026
Време

Дожд и снег на планините

Под влијание на циклонска активност во Македонија денеска ќе има врнежи кои наместа ќе бидат пообилни (над 20 l/m²). Поради спуштање на ладна воздушна маса, на планините и некои од повисоките места врнежите од дожд ќе преминуваат во снег. Ќе дува засилен повремено силен ветер кој наместа ќе достигнува и над 70 km/h. Дневните температури ќе се движат од 4 до 12 Целзиусови степени.

Објавено на

часот

Сподели

Во Скопје, претежно облачно со врнежи од дожд. Ќе дува засилен до силен ветер од северен правец.

И утре времето ќе биде облачно со повремени локални врнежи од дожд, на планините од снег и дневни температури од 6 до 12 степени. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец, кој ќе биде поизразен долж Повардарието.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ