сабота, 20 декември 2025
Време

Дожд и снег на планините

Времето во Македонија денеска ќе биде облачно и студено со врнежи од дожд, кои на повеќе места ќе бидат пообилни. На планините врнежите од дожд ќе преминат во снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

Објавено на

часот

Сподели

Во Скопје, облачно и студено со повремени врнежи од дожд, повремено пообилни. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

Утре времето ќе биде променливо облачно и студено со повремени врнежи од дожд, на некои од повисоките места од дожд и снег, а на планините повремен снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Дневните температури ќе се движат од 4 до 11 Целзиусови степени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ