четврток, 29 јануари 2026

Досега откупени 25 милиони тони тутун, откупниот рок до 28 февруари

На откупните пунктови во општина Карбинци досега се откупени 480 тони тутун. Крајниот рок за откуп е 28 февруари.

Објавено на

часот

Сподели

Потпретседателот на Асоцијација на земјоделци, Гоце Серафимов вели дека се очекува на 3 или 4 февруари да се отвори нов дежурен откупен пункт, најверојатно во селото Радање, на кој ќе се откупи заостанатиот тутун, што не е предаден во редовните откупни рокови. Квалитетот на тутунот ќе ја одреди класата и цената при откупот.

„Завршниот рок за откуп на тутунот е до 28 февруари, што значи дека има цел месец за откуп на тутунот. Во нашата општина, во Карбинци има откупено околу 480 тони тутун, а на државно ниво има откупено околу 25 милиони тони“, изјави Серафимов.

Тој вели дека откупената количина на тутун досега е добра, а во претстојниот еден месец се очекува таа да биле поголема.

-Мислам дека и оваа бројка што е сега не е мала, бројката е добра, па понатаму ќе видиме како ќе се одвиват работите. Сега е најбитно да се откупи целокупниот произведен тутун. Имаше и есенски тутун, берен покасно, бидејќи оваа есен имаше повеќе дожд, затоа имаше нешто плус, а околу сушењето имаше проблем. Договорено е да се откупи целата заостаната реколта, рече Серафимов.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ