среда, 11 март 2026

Донесен нов Правилник за остварување на правото на надоместок за помош и нега од друго лице

Министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани донесе нов Правилник за остварување на правото на надоместок за помош и нега од друго лице, со кој се прави значаен чекор кон поедноставување и забрзување на постапките за граѓаните, информираат од Министерството.

Објавено на

часот

Сподели

Со Правилникот подетално се уредуваат постапката за поднесување барање, потребната документација, начинот на работа на стручните комисии и второстепената комисија, како и издавањето и евиденцијата на наодите, оцените и мислењата.

„Клучната новина е што кон барањето ќе се доставува наод, оцена и мислење за потребата од помош и нега од друго лице, изготвено од стручна комисија. Оваа промена носи двојна придобивка: за стручните служби – појасна и поефикасна процедура; за корисниците – поедноставена постапка и побрз процес за стекнување на правото на надоместок“, се вели во соопштението.

Оттаму велат дека продолжуваат со политики што значат поедноставни процедури, побрзи услуги и поголема поддршка за граѓаните на кои таа им е најпотребна.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ