понеделник, 9 февруари 2026

Донација за Бадник за 30 семејства во Делчево и околината од „Дај, не фрлај, подари“

Во пресрет на Бадник, хуманитарната иницијатива „Дaj не фрлај – подари“ од Делчево организира нова донација на пакети со основни прехранбени производи. Пакетите, како што информираа од здружението, утре ќе бидат распределени на 30 социјално загрозени семејства од Делчево и околината.

Објавено на

часот

Сподели

„Донацијата е овозможена благодарение на верен следач и поддржувач на иницијативата, а во моментов е во тек пакувањето на пакетите. Целта, како што велат организаторите, е ниту едно семејство да не остане без бадникова вечера“, информираа од здружението.

Покрај основните намирници потребни за Бадник, обезбедена е и нова облека за децата за Божиќ, донација од хуман донатор од Охрид, со што празничната радост ќе биде поголема и за најмладите.

„Секој мал гест значи многу за оние на кои им е најпотребно. Заедно можеме да направиме празниците да бидат потопли и подостоинствени за сите“, порачуваат од иницијативата.

Граѓаните можат да видат што точно се донира и дали донацијата е веќе подарена на официјалната страна на здружението на фејсбук.

Оттаму упатија благодарност до сите донатори и поддржувачи кои несебично помагаат и ја шират хуманоста во заедницата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ