„Со оваа иницијатива демонстриравме што значи вистинска посветеност. Како татко на две деца верувам дека не е доволно само да зборуваме за подобри услови, туку дека мора и да ги создаваме. Токму тоа и го направивме овде, за иднината на нашите деца. Благодарни сме на Општина Гази Баба, за нивната отвореност и поддршка. Ова не е само еднократна акција, туку пример за посветено партнерство и доказ дека заедно можеме многу повеќе“, изјави генералниот директор на Пивара Скопје, Огњен Лазиќ,.
Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, го нагласи значењето на соработката меѓу локалната заедница и компаниите при реализација на вакви активности коиносат придобивки за заедницата.

„Ваквите иницијативи се пример како јавниот и приватниот сектор можат да работат рамо до рамо за иднината на општината и да придонесат за подобар квалитет на живот и развој на здрави навики кај младите генерации“, истакна градоначалникот Стефковски.






