среда, 18 март 2026

Донација од 300.000 евра од Фондацијата „Илија Камчев“ за село Марена

Кавадаречкото село Марена добива уреден и модерен кеј на Овчка Река. Во посета на Општина Кавадарци денеска беше фамилијата Камчеви кои се инвеститори на овој проект преку Фондацијата „Илија Камчев“, објави на својот фејсбук-профил градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев.

Објавено на

часот

Сподели

„Инвестицијата е во вредност од 300.000 евра и се очекува проектот да биде реализиран за краток период. Општина Кавадарци упатува огромна благодарност до фамилија Камчеви за оваа донација која во целост ќе го промени ликот на нашата Марена. Камчеви, чие потекло е токму од село Марена, со оваа донација ќе остават белег и подобри услови за живот како за сегашните така и за идните генерации“, напиша Јанчев.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ