Во објавата на социјалните мрежи на ТППЕ-Свети Николе се вели дека делегација од ТППЕ-Свети Николе ја реализирале оваа работна посета во периодот од 28 јануари до 2 февруари, а во рамките на посетата оствариле средби и посети на неколку доброволни противпожарни друштва, каде што се запознале со нивниот систем на работа и начинот на функционирање.
Исто така, беше реализирана и посета на фабриката Розенбауер груп водечки производител на противпожарна опрема и возила.
Огромна благодарност до нашиот сограѓанин Љупчо Стаев кој живее во Мерано и лично ја обезбеди оваа донација за нас и Доброволното противпожарно друштво (ДПД) Свети Николе, која е од големо значење. Благодарност и до ДПД Лаберс (Freiwillige Feuerwehr Labers) од Лаберс, Мерано, кои исто така обезбедија униформи за нашата противпожарна единица. Голема брагодарност до ДПД Печаровци за обезбедената донација на заштитни униформи и чизми, велат од ТППЕ-Свети Николе.

Посочуваат дека овие посети и донации претставуваат значаен чекор кон унапредување на меѓународната соработка и подобрување на условите за работа на пожарникарите-спасители.






