Од ДОМ велат дека СДСМ „се разбуди“ со соопштение пет часа подоцна и тоа само откако јавноста веќе виде кој прв јавно ја отвори темата и го вклучи алармот за опасноста.
„На оваа пресметана пасивност на „најголемата“ опозициска партија, се надоврзува и молкот на ДУИ. На овој начин се’ појасна станува непринципиелната коалиција меѓу ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и ДУИ кога станува збор за блокирање на независните и граѓанските гласови на локалните избори. Токму затоа, заканата со „повереници“ и молкот на нивните прикриени партнери не се случајни. И едните и другите се соочуваат со пад на довербата – а вистината е сурова: ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и ДУИ се плашат од растечката сила на слободниот граѓански глас. Во нив гледаат реална закана, затоа што токму тие можат да го артикулираат разочарувањето на големото гласачко тело што останува надвор од големите партиски структури. ДОМ ќе остане предводник во оваа битка. Ние нема да дозволиме демократијата да се замени со партиски калкулации, ниту волјата на граѓаните со „повереници“ а ниту па политичката сцена да биде затруена со стари методи на притисок и корупција. Ќе продолжиме да ги штитиме правата на независните кандидати и да се бориме за секој глас кој не сака да стане заложник на партиските интереси. Локалните избори мора да бидат фер, отворени и достапни за сите. Македонија нема потреба од нов режим, туку од нова енергија и граѓанска политика независна од затворениот круг на партиските мастодони“, велат од ДОМ.






