понеделник, 8 декември 2025

ДОМ обвинува дека власта предизборно и партиски вработува во Инспекторатот за животна средина

Демократска обнова на Македонија (ДОМ) остро реагира за огласот објавен вчера година од Министерството за животна средина за вработување на 11 помлади инспектори во Државниот инспекторат за животна средина на определено време до 31.12.2025 година, со нереален рок за аплицирање од само три дена до 2 август 2025 година. ДОМ го оценува овој чекор како неприфатлива манипулација пред локалните избори. Со оваа брза и нетранспарентна процедура, спроведувана и за време на државен празник, сериозно се поткопува кредибилитетот на институцијата, се вели во соопштението од ДОМ. Поради ова, ДОМ бара итно поништување на овој оглас.

Објавено на

часот

Сподели

ДОМ јавно прашува како е можно да се вработуваат и да вршат инспекциски надзори во индустријата инспектори без лиценци, кога согласно Законот за инспекциски надзор и Законот за инспекциски надзор во животна средина мораат да ја поседуваат лиценцата.

„Не станува збор само за грешка во постапката, штетата врз институцијата е уште поголема затоа што се нанесува силен удар врз стручноста на истата. Ова е уште едно предизборно полнење на институциите со партиска администрација. Институциите не смеат да се претворат во партиска каса, каде што местата се мерат според политичката припадност, а не според нивното знаење и компетентност. ДОМ го прашува министерот од ЗНАМ Горан Минчев дали вака ќе ја департизираат администрацијата со наместени огласи од партиски војници. Животната средина не може да ја зачуваат нестручни и необучени партиски послушници, водени од мотивот да добијат награда за својот ангажман на претстојните локални избори. Со одлучност и без компромис, Зелената партија ДОМ бара итно поништување на овој сомнителен оглас, целосно почитување на законските лиценци и стручни стандарди, како и спроведување на транспарентна, непристрасна постапка за вработување инспектори. Само  на тој начин можеме да ја вратиме довербата на граѓаните и да ја заштитиме природата за идните генерации“, се наведува во соопштението од ДОМ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ