понеделник, 15 декември 2025

ДОМ бара итни измени во Изборниот законик за да се обезбеди учество на граѓански листи на локалните избори

Демократска обнова на Македонија (ДОМ) остро се спротивставува на сè поопасната пракса на владејачкото мнозинство, но и на опозицијата (партиите-коалиционери од поранешната влада), кои со едната рака доделуваат милиони евра за невладини организации, а со другата рака ги блокираат демократските механизми што би им овозможиле на граѓаните реално политичко учество.

Објавено на

часот

Сподели

„Со усвојувањето на ребалансот на Буџетот за 2025 година, беа зголемени трансферите кон невладиниот сектор од 26,7 на 34,4 милиони евра, а во исто време нема никаква политичка волја за измена на Изборниот законик што би овозможил учество на независни кандидати на претстојните локални избори“, се вели во соопштението од ДОМ.

„Поддршката за граѓанските организации е важна и потребна, но добива сенка на партиска инструментализација кога се користи како параван за прикривање на партиципативната демократија. Во исто време кога се зголемуваат средствата за невладиниот сектор, граѓаните и граѓанките системски се блокирани да учествуваат како независни политички субјекти. Згора на тоа: кои се механизмите за надзор над потенцијалната злоупотреба на овие средства зголемени за 30% на три (3) недели пред објавувањето на локалните избори? Дали веќе се знае кои невладини (нечии миленици) ќе ги добијат тие средства?

Ние сме против оваа пракса, каде со една рака се делат милиони, а со другата се бришат граѓаните од картата на политичка партиципација.

Бараме веднаш да почне постапката за измена на Изборниот законик и да се обезбеди еднаква, фер и демократска можност за учество на независни и граѓански листи на локалните избори во 2025 година. И да не се лажеме: партиските мастадонти ќе си формираат свои прокси политички субјекти воочи локалните избори и ќе си ‘туркаат’ со своите миленици – и од тие причини веќе знаеме кој ќе биде одговорот на нашето барање…за жал“, соопшти ДОМ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ