Од „Водовод и канализација“ на жителите на Долно Лисиче им одговориле дека не знаат до кога ќе нема вода, бидејќи не знаат ни кој ја исклучил.
„Ние не сме ја сопреле водата, денес не работиме таму. Не знаеме кој ја сопрел и поради што е тој прекин на вода. Нашите екипи бараат за што се работи“, велат од претпријатието.
Од ЈП „Водовод и канализација“ секојдневно има апели водата да се троши рационално бидејќи ќе нема за капење и пиење. Потрошувачката на вода во топлите летни денови е енормно висока, па затоа се апелира да не се полеваат улици.






