„Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР постапува врз основа на издадени Наредби од ОЈО за ГОКК како и издадени Наредби од Судија на претходна постапка. На 23.07.2025 врз основа на Наредба на судија на претходна постапка полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР одземаа документација од општина Чаир и од Министерството за транспорт и врски“, велат од МВР.
Од Обвинителството ни одговорија дека до МВР е дадена наредба во предметот што го води ОЈОГОКК, а во предметот во Скопското обвинителство постапува Управата за финансиска полиција.
Постапките и по двете наредби се во тек, а за преземените дејствија институциите по завршување ќе ги известат надлежните јавни обвинители.






