понеделник, 15 декември 2025

Докторка осомничена за примање поткуп, Лекарска комора апелира да се почитува презумцијата на невиност

Вчера, полициски службеници од СВР Битола, во координација со Јавно обвинителство Битола, ја лишија од слобода И. Д. (67) од Битола, вработена во Клиничката болница во Битола, поради сомнение за сторено кривично дело примање поткуп, казниво по член 357 од Кривичниот законик.

Објавено на

часот

Сподели

По претходно добиени оперативни сознанија и пријавен настан во СВР Битола истиот ден, од страна на полициските службеници извршен е претрес во службените простории што ги користи И. Д., како и личен претрес врз неа, при што беа пронајдени пари што потекнуваат од кривичното дело.

СВР Битола до Основното јавно обвинителство против И. Д. поднесе кривична пријава.

Во врска со случајот во ЈЗУ Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски” – Битола, каде што докторка е осомничена за примање поткуп, Лекарската комора изразува длабока загриженост и најостро го осудува секое незаконско и неетичко постапување, особено кога тоа доаѓа од здравствен работник.

Комората, како регулаторно тело кое се грижи за угледот и интегритетот на лекарската професија, истакнува дека не треба да се толерираат никакви девијантни појави што го нарушуваат принципот на чесност и доверба меѓу пациентите и лекарите.

Лекарската комора во целост ги поддржува институциите на системот во нивната работа за расчистување на овој случај и очекува навремена и транспарентна истрага. Постапката пред надлежните органи треба да ги утврди сите факти и да обезбеди соодветна одговорност.

„Сакаме да нагласиме и дека се работи за индивидуален чин кој не ја одразува посветеноста и професионалноста на најголемиот број лекари во нашата земја кои секојдневно со пожртвуваност и етички пристап се грижат за здравјето на граѓаните, некогаш работејќи и во предизвикувачки услови. Исто така, апелираме да се почитува начелото на презумпција на невиност, сè додека не се донесе правосилна судска одлука. Веруваме дека само со заеднички напори на сите институции во согласност со нивните надлежности, можеме да изградиме здравствен систем во кој владеат етиката, професионализмот и довербата“, се вели во реакцијата на Лекарската комора.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ