недела, 14 декември 2025

Докторка офталмолог од Битола фатена со сто евра поткуп за да му закаже операција на ресенчанец

Основното јавно обвинителство (ОЈО) Битола поведе постапка против едно лице за кривично дело примање поткуп. Осомничената, доктор – офталмолог при ЈЗУ Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски“ Битола, побарала од лице од ресенско подарок во износ од сто евра за да изврши службено дејствие кое што секако би морала да го изврши, односно да изведе операција – отстранување на катаракта кај сопругата на пријавителот.

Објавено на

часот

Сподели

На 16 јули, таа го повикала пријавителот на одделението за офталмологија во болницата за да ги земе парите и да закажат операцијa. Тој и дал една банкнота од 100 евра која претходно била обележана, па веднаш откако осомничената ги примила парите полициски службеници извршиле претрес и кај неа ги пронашле парите.

Ценејќи ги сите околности во предметот и законските основи, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерка куќен притвор за осомничената.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ