недела, 14 декември 2025

Докторка од Битола фатена како прима поткуп

Јавното обвинителство попладнево информираше дека Основното јавно обвинителство Битола (ОЈО) и СВР Битола постапуваат во случајот со примање поткуп од страна на докторка од Клиничката болница во Битола. Од Министерството за здравство информираа дека иницирале покренување на дицисплинска постапка против докторката и ги повикаа граѓаните да пријавуваат случаи на корупција.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Од Јавното обвинителство (ЈО) информираат дека се работи за докторка и повеќе информации најавуваат во текот на утрешниот ден.

„ОЈО Битола и СВР Битола постапуваат за кривично дело примање поткуп од осомничена докторка. Се уште се преземаат дејствија, така што повеќе информации во текот на утрешниот ден“, велат од ЈО.

Од Министерството за здравство информираа дека иницирале покренување на дицисплинска постапка против докторката и ги повикаа граѓаните да пријавуваат случаи на корупција. Оттаму најостро го осудија секој облик на коруптивно однесување во здравствениот систем.

Во врска со случајот во ЈЗУ Клиничка болница „Др. Трифун Пановски“ – Битола, каде што денес медицинско лице е затекнато при примање поткуп, Министерството веднаш иницира постапка за утврдување на дисциплинска одговорност, согласно законските процедури, соопшти попладнево Министерството.

„Реакцијата на Министерството е брза, принципиелна и недвосмислена, ставена во насока на заштитата на достоинството на пациентите и интегритетот на медицинските лица од јавното здравство. Граѓаните имаат право на фер и достоинствен третман“, се наведува во соопштението.

Оттаму додаваат дека Министерството не толерира корупција и ќе ги санкционира сите прекршоци за да ја зачува довербата во здравствениот систем.

„Очекуваме институционална истрага и завршница од надлежните органи, со цел ефикасна борба против корупцијата. Ги повикуваме граѓаните да продолжат да пријавуваат преку веб алатката ‘пријави неправилности’, додека институциите да продолжат постапуваат доследно и без селективност“, пишува во соопштението на Министерството.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ