Шаини беше застрелан на улицата „Димитрија Туцаковиќ“ во центарот на Куманово пред три дена околу 14 часот. Тој рече дека по информациите пренесени од органите, преку социјалните мрежи и медиуми, чуствува морална и професионална обврска, јавно да реагира и да ја информира јавноста.
Шаини рече нема информација и сознанија за мотивите за „атентатот“, и дека како што претходно објавил на социјалние мрежи и по неговата првична изјава пред истражните органи, и денес пред јавноста, нема нерасчистени сметки со никого, никому не го загрозил животот, приватност или нешто друго.
„Целосно ги отфрлан како неосновани и невистинити тврдењата дека зад ова стои госпоѓата Арјета Ајдини, затоа барам од истражните органи итно да ја објаснат ситуацијата со мојата сопруга која е вмешана во овој случај од нивна страна, почитувајќи ја нашата семејна приватност, а посебно имиџот на госпоѓата Ајдини. Овој случај за жал се претставува со јасна намера за моја дискредитација и дискредитација на моето семејство како и за создавање збунетост и заблуда во јавноста. Барам и апелирам до истражните органи да се зафатат со откривање на вистинскиот осомничен за случајот, а не настанот да го прикажат како семејна расправија или недоразбирање, бидејќи доколу навистина беше така како што се престасува во јавноста, јас никогаш не би продолжил да живеам заедно со мојата госпоѓа. Фала му на Бога, мојата госпоѓа заедно со нашите ќерки се живи и здрави, во мојот дом, во село Слупчане“, рече Шаини.
Тој ги замоли медиумите во интерес на точното и објективно информирање и во духот на почитување на професионалните и етичките стандарди на новинарството, да го објават објаснувањето, ги повика органите на прогонот да продолжат со откривање на вистинскиот сторител на обидот за негово убиство, укажувајќи дека стои на располагање секогаш кога ќе биде потребно да помогне во расчистувањето на случајот, бидејќи лично е заинтересиран случајот што побрзо да добие епилог и вистината да излезе на виделина.
„Апелирам до политичките субјекти, да не брзаат со изјави да не го користат овој случај за политички поени, особено во овие моменти на кампања за локалните избори“, рече Шаини.
Одговарајќи на новинарски прашања за кривичната пријава против сопругата која му испраќала заканувачки пораки, Шаини рече дека сѐ што имал прочитал и кажал и повтори дека им стои на располагање на обвинителството, полицијата и судот.
„Не кријам ништо и не сакам да заштитам никого. Ќе одам до крај за да се разјасни работата. Јас ќе продолжам со главата горе, од никого не се плашам, зашто лошо никому немам сторено и ќе се појавам на митингот вечерва“, изјави Шаини.
Доктор Шаини, според соопштението од МВР, завчера беше повреден во оружен инцидент што се случил на крстосница од улиците „Димитрије Туцовиќ“ и „11 Октомври“ во центарот на Куманово, кога две лица во движење, од огнено оружје пукале во патничкото возило „фолксваген голф “, кое тој го управувал. Тој прво беше пренесен во Кумановската општа болница на медицински иследувања, по што беше префлен на скопските клиники.
Полицијата во меѓувреме ја лиши од слобода сопругата на доктор Шаини, Ајрета Ајдини, која се сомничи дека е поврзана со обидот за убиство на својот сопруг. Се трага и по Љ.Ф. од Гостивар, кој е осомничен дека директно учествувал во нападот и сè уште е во бегство.
Доктор Зекирија Шаини е претседавач на Советот на Општина Липково и носител на листа за советници на претстојните локални избори од реводите на ДУИ.






