На Кедев му остана уште врвот Gasherbrum-I, за да ги комплетира сите 14 таканаречени „осумилјадарки“, врвови кои се повисоки од 8.000 метри надморска височина и главно се наоѓаат на Хималаите. Со 13. искачен врв тој е на чекор до магичниот сон да круниса еден неверојатен циклус од страшни подвизи.
Неодамна, на 15 мај, Кедев се искачи на Лоце (8.516 метри), четвртиот највисок врв во светот. Пред само десет дена тој се искачи и на Макалу висок 8.463 метри.