понеделник, 15 декември 2025

Доградба на ОУ „Кирил Пејчиновиќ“ во Кисела Вода

Во напредна фаза е доградбата на ООУ „Кирил Пејчиновиќ“, каде што се градат нови шест училници, по две на секој кат.
Се работи за површина од 130 метри квадратни по кат, или вкупно 390 квадрати, информираше денеска градоначалникот на Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски.

Објавено на

часот

Сподели

„Овие нови простории нема да бидат само ѕидови и покрив, туку основа за подобро образование, поквалитетни услови и внимание кон секое дете.
Со оваа инвестиција, овозможуваме наставата да се изведува во една смена во ова училиште, а со доградбата во ООУ ‘Невена Георгиева – Дуња’ која наскоро започнува – сите училишта на територијата на Кисела Вода ќе работат во една смена. Тоа беше барање од родителите, а мој даден збор.
Сакам да изразам голема благодарност до министерката за образование Весна Јаневска за реализацијата на овој проект, но најголема благодарност до премиерот Христијан Мицкоски кој како никој досега покажа вистинска грижа за секоја сфера од општеството. Неговата поддршка, значи развиени општини и силна Македонија!
Продолжуваме посветено да го унапредуваме образованието – затоа што влогот во најмладите е влог во иднината! Најдоброто допрва доаѓа“, напиша на својот фејсбук-профил Ѓорѓиевски.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ