вторник, 16 декември 2025

Договор за соработка меѓу „Алкалоид“ и Институтот за јавно здравје

„Алкалоид“ АД Скопје и Институт за јавно здравје на Република с. Македонија денеска потпишаа Меморандум и Договор за соработка, со што се поставуваат темели за долгорочно партнерство во интерес на јавното здравје и благосостојбата на граѓаните.

Објавено на

часот

Сподели

Преку оваа соработка двете институции ќе обединат експертиза и ресурси со цел унапредување на здравствените практики, развој на заеднички научноистражувачки проекти, како и спроведување активности за превенција, едукација и за примена на современи фармацевтски и аналитички стандарди.
Овој значаен чин претставува потврда на заедничката определба за градење мостови помеѓу индустријата и здравствените институции, во насока на поддршка на современите политики, иновации и решенија, кои ќе придонесат за унапредување на квалитетот на живот и јавното здравје во нашата земја, соопшти Алкалоид.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ