четврток, 18 декември 2025

Договор за партнерство меѓу ICAC Скопје и Алијансата на цивилизациите при ООН потпишан на конгрес на религиите во Астана

Меѓународниот центар Алијанса на цивилизации од Скопје (ICAC), вчера за време на 8-от Конгрес на лидерите на светските и традиционалните религии во Астана, склучи нов партнерскиот договор со Обединетите нации – Алијанса на цивилизации (UNAOC). Договорот беше потпишан од страна Мигел Анхел Моратинос, заменик-генерален секретар на ООН и висок претставник на UNAOC и Иван Иванов, претседател на управниот одбор на ICAC.

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопштија од ICAC Скопје, продолжувањето на партнерството претставува потврда на заедничката посветеност за унапредување на мирот, толеранцијата и меѓукултурниот дијалог.

„ICAC и UNAOC ќе продолжат со заеднички активности во областа на борбата против ксенофобија и верска нетрпеливост, промовирањето на социјалната инклузија, споделување добри практики и имплементација на Планот на ОН за заштита на верските објекти“, се наведува во соопштението.

Посебен акцент, како што посочуваат од ICAC Скопје, ќе биде ставен и на вклучување на младите како активни промотори на интеркултурно разбирање.

Со ова, ICAC најави дека обновениот договор е важен чекор кон создавање трајно и позитивно влијание во глобалните напори за изградба на поинклузивен и мирен свет.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ