петок, 9 јануари 2026

Договор на ФЗО со Природно-математичкиот факултет, испитувања на геномот на ембрионот за ин витро

Фондот за здравствено осигурување и Природно-математичкиот факултет денеска потпишаа договор за изведување на напредни молекуларно-дијагностички анализи. Овие испитувања ќе ги спроведува Лабораторијата за молекуларна биологија и геномика при ПМФ.

Објавено на

часот

Сподели

Договорот го потпишаа генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски и деканот на Природно-математичкиот факултет, Даворин Трпески.

Досега во Македонија не се правеше испитување на ембрионот, за да се дознае дали е тој здрав. Клековски вели дека со оваа нова метода ќе се испитува дали новиот ембрион, пред да се всади во матката на мајката е здрав и нема никакви генетски заболувања. Со ова ќе се зголеми успешноста на ин витро оплудувањата и можноста на свет да се донесе здрав плод. За оваа процедура од ембрионот ќе се земаат само неколку клетки.

Со денешниот договор ќе се извршуваат ен-ги-о проверки, кои досега се работеа на Медицинскиот факултет и во МАНУ, а отсега ќе се спроведуваат и на ПМФ. За таа намена наскоро ќе биде објавен тендер за набавка на материјали.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ