„Преку новиот закон за полиција, очекувам веќе од следната есен да имаме зголемена видливост на полицијата на терен. Истите службеници ќе бидат присутни во истите реони, со цел континуитет и доверба“, рече Тошковски.
Со ова, смета Тошковски, МВР планира значително да ја зголеми довербата меѓу полицијата и граѓаните, со редовно присуство на исти службеници во секоја населба, што ќе придонесе и за подобра превенција од криминал.
Овој проект беше најавен и во 2018 година од тогашниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски.






