Одборот за доделување на државната награда „11 Октомври“ денеска ја соопшти одлуката за доделување на највисокото признание за животно дело во 2025 година во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес.
Во областа на науката и образованието, државната награда се доделува на проф. д-р Константин Димитров, машински инженер, и академик Глигор Јовановски, хемичар.
Церемонијата на доделување на наградите ќе се одржи на 11 Октомври 2025 година во 12 часот во Собранието на Република Северна Македонија, информираат од Одборот за доделување на наградата.






