Групацијата Триглав оствари многу добри резултати во 2025 година, при што добивката пред оданочување се зголеми за 9% и достигна 174,1 милиони евра, а нето-добивката се зголеми за 4% и достигна 136,7 милиони евра.
Во споредба со 2024 година, вкупниот деловен обем на групацијата органски порасна за 9% и достигна 1.868,3 милиони евра, а вклучувајќи го и новото работење од италијанскиот пазар достигна 2.561,2 милиони евра (раст од 49%). Комбинираниот количник за Неживот и Здравје изнесуваше поволни 93,2%.
Покрај одличните финансиски резултати, групацијата Триглав во 2025 година спроведе и бројни други стратешки активности – од развој на нови производи и услуги и унапредување на постојните, до продолжување на дигиталната трансформација и остварување на своите цели во областа на одржливоста. Тие се опишани подетално во објавениот годишен извештај. Информациите за солвентноста и финансиската состојба на Групацијата и на нејзината матична компанија се достапни во посебни извештаи.
Управниот одбор и Надзорниот одбор на заваровалница Триглав ќе предложат на овогодинешното Годишно собрание на акционери, исплата на бруто дивиденда од 3 евра по акција, односно вкупно 68,2 милиони евра, што претставува 50% од нето-добивката на групацијата за 2025 година. Според тековните податоци, тоа претставува дивиденден принос од 4,8% на акцијата ZVTG. Во согласност со финансискиот календар, известувањето за свикување на овогодинешното Годишно собрание на акционери ќе биде објавено на 23-ти април, а Годишното собрание ќе се одржи на 2 јуни.
Андреј Слапар, претседател на Управниот одбор на Заваровалница Триглав, изјави: „Многу сме задоволни од остварените резултати во 2025 година. Деловниот обем органски се зголеми, а се зајакна и неговото учество надвор од Словенија. Профитабилност беше остварена и во сегментот на осигурување и во сегментот на управување со средства, при што беше задржана силна капитална адекватност. Во 2026 година, ќе продолжиме да ги следиме нашите стратешки амбиции до 2030 година, при што е планирана добивка пред оданочување од 170–190 милиони евра и вкупен деловен обем што ќе надмине 2,4 милијарди евра. Овие амбиции, се потпираат на цврсти темели – добро воспоставен бренд граден повеќе од 125 години, високи кредитни рејтинзи, водечка позиција во регионот Адриа, сè поизразено меѓународно работење и мотивиран тим од повеќе од 5.100 вработени. Врз основа на сето ова, Триглав уверено го продолжува својот понатамошен раст и развој.“
КЛУЧНИ РЕЗУЛТАТИ ВО 2025 ГОДИНА

ПЛАН ЗА 2026 ГОДИНА И СТРАТЕШКИ АМБИЦИИ ДО 2030 ГОДИНА (клучни финансиски показатели)
Добивка пред оданочување: 170–190 милиони евра во 2026 година, 250–300 милиони евра до 2030 година.
Вкупен деловен обем: над 2,4 милијарди евра во 2026 година и 2,5–3,0 милијарди евра во 2030 година; средства под управување над 10 милијарди евра во 2030 година.
Комбиниран количник за Неживот и Здравје: околу 95% во 2026 година, под 95% во периодот 2025–2030. Поврат на капиталот од 12–13% во 2030 година.
Групацијата се стреми да се позиционира како стабилна, сигурна и профитабилна инвестиција за инвеститорите. Нејзина цел е да исплати дивиденди во вкупен износ од околу 400 милиони евра на акционерите во периодот 2025–2030, во согласност со својата дивидендна политика, при истовремено задржување на целната капитална адекватност и обезбедување соодветни услови за раст и развој.
Бизнис-планот за 2026 година и стратешките амбиции до 2030 година се засноваат на проценките, очекувањата во однос на настаните и околностите, како и на прогнозите што биле достапни во моментот на нивното објавување. Сепак, фактичките резултати, остварувања и настани може значително да се разликуваат од овие предвидувања.
КРЕАТИВНО РЕШЕНИЕ НА ГОДИШНИОТ ИЗВЕШТАЈ: „НАШИОТ ПОТПИС НА УСПЕХОТ. НАШИОТ ПОТПИС НА ИДНИНАТА.“
Со годишниот извештај за 2025 година, групацијата симболично го стави своето име зад 125 години успех. Водечкиот принцип на нејзината приказна, отсекогаш бил едноставен: ако навистина стоите зад нешто, со гордост ќе го ставите своето име на тоа. Затоа, таа го става своето име зад пресвртниците, достигнувањата и целите што континуирано ги достигнува и надминува повеќе од еден век, потврдувајќи ја својата посветеност на одговорно и долгорочно создавање вредност. Во фокусот на извештајот, изразен преку слоганот „Нашиот потпис на првите 125 години“, не е само традицијата, туку и личната посветеност на вработените во компанијата на нејзините вредности, како и на безбедноста и сигурноста на клиентите.
Извештајот ја прикажува оваа заложба преку приказната за тим колеги, чие знаење и посветеност придонесуваат за успехот на групацијата Триглав. Фотографиите и претставувањето на нивните клучни достигнувања и резултати, го откриваат човечкото лице на компанијата и излегуваат надвор од рамките на класичното прикажување на финансиските показатели. Така, групацијата се претставува како жив и современ организам што обединува богата традиција и агилна култура, зајакнувајќи ја довербата на засегнатите страни преку личниот „потпис“ на своите вработени.
Комерцијален текст






