четврток, 22 јануари 2026

До сабота променливо облачно со пораст на температурите, за викендот дожд и снег

Од утре до сабота времето ќе биде променливо облачно со постепен пораст на дневната температура. Во одделни котлини се очекува појава на магла, особено во утринските часови, соопштуваат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Објавено на

часот

Сподели

Од сабота кон крајот на денот, а особено в недела, се најавуваат локални врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни. На планините и на некои повисоки подрачја врнежите ќе бидат од снег.

Минималните утрински температури ќе се движат во интервал од -5 до 0 Целзиусови степени, а максималните дневни ќе достигнат од 1 до 7 степени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ