среда, 17 декември 2025

До петок ќе се знае дали има лекарска грешка и од што почина бебето на ГАК

Извештајот од Институтот за патологија за бебето кое почина на ГАК, ќе биде готов до петок. Треба да се утврди причината поради која починало бебето и дали се работи за лекарска грешка. Во меѓувреме, лекарката која работела со бебето е отстранета од работа додека да заврши постапката.

Објавено на

часот

Сподели

Вонреден инспекциски надзор до Државниот санитарен и здравствен инспекторат, а потоа и стручен надзор вчера иницираше министерот за здравство Азир Алиу во врска со починатото новороденче на Клиниката за гинекологија и акушерство.

„Министерството за здравство во врска со случајот со починатото новороденче на Клиниката за гинекологија и акушерство најпрво изразува сочувство до родителите. Со цел утврдување на околностите и расветлување на случајот, министерот  Азир Алиу иницираше вонреден инспекциски надзор до Државниот санитарен и здравствен инспекторат, по што ќе следи и стручен надзор. Потенцираме дека Министерството за здравство заедно со Инспекторатот ќе постапат професионално, стручно и транспарентно, со цел точно и објективно информирање на јавноста за околностите во овој случај, како и за преземените активности од стручен аспект“, соопштија вчера од Министерството.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ