вторник, 15 јули 2025

До недела – многу топло, со можност за поројни дождови и грмежи

Под влијание на влажна и топла воздушна маса од југ, до недела времето ќе биде многу топло.

Објавено на

часот

Сподели

Денес и утре во попладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд и грмежи. На одредедни места процесите ќе бидат поинтензивни, во форма на невреме со засилен ветер и појава на град.

Изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи ќе има и во сабота.

Од понеделник времето ќе биде претежно стабилно, а дневната температура ќе биде во опаѓање.

Во Скопје, денес попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со појава на град. Утре во делови од котлината ќе има услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, УХМР препорачува  да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ