Времето во Скопје е сончево и топло со слаб ветер од променлив правец. Температурата ќе биде до 36 степени.
Синоптичарите за утре најавуваат сончево и топло време со слаб до умерен ветер од променлив правец.
„Во петок и во деновите од викендот во попладневните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а локално ќе има услови за појава на невреме со силен ветер и град. За време на викендот ќе дува умерен до засилен северен ветер и дневната температура ќе опадне за неколку степени“, велат од УХМР.






