Грантовата шема ќе изнесува вкупно 22 милиони евра, а компаниите, зависно од инструментот, ќе треба да учествуваат со 20 – 50 отсто сопствено финансирање.
Првите повици ќе бидат објавени во средината на 2026 година, а ќе се реализира и инфо-караван во соработка со општините, стопанските комори, регионалните центри и секторските здруженија за поддршката да стигне до компаниите.
Како што беше речено денеска на настанот по повод официјалниот почеток на проектот „Грантова шема за поддршка на претпријатијата за зелено работење“, зависно од големината и потребите на фирмите, ќе се применуваат повеќе финансиски инструменти – преку јавни повици компаниите ќе може да аплицираат за техничка и советодавна поддршка, за стандардизација и за финансиска поддршка за набавка на опрема, технологии и развој на нови производи.
Според директорката на ИНОВА, Даниела Димовска, денес почнува важна трансформација на македонската економија, а ИНОВА ќе ја води промената не како администрација, туку како вистински партнер на бизнисот.
„Оваа грантова шема е создадена за вас, ова е можност да инвестирате со поддршка, ова е шанса уште денес да се подготвите за новите барања на пазарот, да бидете модерни, конкуреннти, зелени и рамноправни играчи на евреопскиот пазар. Македонија може, знае и мора да оди напред, паметно одржливо и храбро. Сега е време за зелена акција“, им порача директорката на компаниите.
Во обраќањето, Димовска потенцира дека грантовите се наменети за фирми што инвестираат во одржливи, еколошки и иновативни решенија. Целна група, објасни, се мали, микро и средни претрпијатија, особено од производствениот сектор, но и од други дејности кои можат да придоенсат за намалување на отпадот и за зголемено користење на зелената енергија. Фокус се, дополни директорката, компании што имаат потенцијал за реална зелена трансформација.
„Нашата амбиција е создавање нова генерација компании кои не само што ќе ги следат европските стандарди, туку ќе бидат чекор пред нив. Градиме концепт на зелени лидери – компании кои покажуваат дека зелената транзиција не е трошок, туку инвестиција во иднината. Паралелно создаваме хаб на знаења, како жива платформа за споделување искуства, практики и научени лекци, а ефектите се јасни – одржлкиви и ефикасни комапнии, пониски трошоци, поголема конкурентност, нови зелени работни места и економија што расте без да ја загрозува иднината на следните генрации“, подвлече Димовска.
Проектот, додаде, директно придонесува за европскиот „грин дил“ и Зелената агенда на Западен Балкан.
„Очекуваме оваа поддршка значително да придонесе кон побрза примена на зелените практики, но и кон зголемување на свеста за економските придобивки од зелената транзиција“, истакна Димовска.
Од 25-те милиони евра колку што е вредноста на проектот, 18 милиони се поддршка од ЕУ, а седум милиони евра се буџетски средства.
Премиерот Христијан Мицкоски рече дека со ова се праќа силна и јасна порака – дека „одиме напред кон одржлива, модерна и конкурентна економија што расте одговорно, со грижа за животната средина и со јасна европска визија“.
Проектот ќе се спроведува во периодот 2026 – 2030 година и предвидува 25 милиони евра за зелена трансформација на микро, малите и средните претпријатија. Се очекува со него да бидат опфатени 300 компании.
Како што истакна Мицкоски, овие 25 милиони евра не се само бројка во Буџетот, туку директна инвестиција во македонските фирми, во нивната конкурентност, во европската иднина и во економијата што државата ја гради за генерациите кои допрва доаѓаат.
„Со финансиска поддршка од ЕУ и средства обезбедени од Владата, почнува значаен проект за поддршка на претпријатијата во процесот на зелена трансформација. Овој проект не е само финансиска интервенција, туку стратешка инвестиција во иднината на македоснката економија. Преку него ќе се поддржат инвестиции што значат помалку отпад и загадување, поголемо користење обновлви иизвори на енегрија, намалување на јаглеродниот отпечаток, поефикасно користење на природните ресурси и воведување меѓународни еколошки стандарди кои се предуслов за излез на глобалните пазари. Во наредните четири години ќе бидат поддржани над 300 компании, а преку механизми за кофинансирање ќе се активираат и дополнителни приватни инвестиции. Околу 200 компании ќе добијат поддршка за подготовка и имплементација на меѓународни стандари за заштита на животната средина и одржливо работење што е директна пропусница за учество во европските и глобалните ланци на добавувачи“, подвлече премиерот.
Целта на проектот, додаде, е да ја поддржи државата во исполнување на целите за климатска неутралност утврдени во Зелената агенда за Западен Балкан преку јакнење на приватниот сектор и поттикнување одговорни и одржливи деловни пркатики.
„Оваа Влада инвестира таму каде што економскиот и општествениот ефект е најголем. Зелената трансформација не е трошок, туку инвестиција во посилна економија, поздрава животна средина и повиок квалитет на живот на граѓаните. Владата останува силен партнер на бизнис заедницата и двигател на европската иднина на државата. Заедно градиме одржлива, конкурентна и еврпска економија, заедно градиме иднина што останува“, потенцира Мицкоски.






