понеделник, 15 декември 2025

До 18 часот, 29 пожари на отворен простор: 14 активни, 6 под контрола и 9 изгаснати

Како што информираат од ЦУК активни пожари има во Општина Василево, Радовиш и Берово – с. Нивичино (планината Голем Готен и Малешевските планини – нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација).

Објавено на

часот

Сподели

Останатите активните пожари се во:  Општина Прилеп – с. Бешиште, Бешишки Рид, кон с. Градешница (опш. Новаци) и кон границата со Р. Грција (мешана шума), Прилеп и Кавадарци – помеѓу с. Царевиќ, Смолани, Радобил, Дрен, Галиште и Трстеник (мешана шума и ниска вегетација), Македонски Брод – помеѓу с. Црешево, Локвица и Крапа (деградирана дабова шума и грмушки, Желино – помеѓу с. Церово и Групчин (нискостеблеста и деградирана шума),Крива Паланка – с. Нерав (висока борова шума), Старо Нагоричане и Куманово – с. Облавце, Бељаковце, Довезенце, Орах и Ругинце (ниска вегетација), Битола – с. Велушина (ниска вегетација), Битола 2 – с. Миџитлија (ниска вегетација), Кичево – с. Горно Трско (ниска вегетација и ниска шума), Македонска Каменица – с. Косевица (борова шума), Струга – с. Ново Село и с. Делогожда (ниска вегетација и стрниште), Штип – помеѓу с. Драгоево и Селце (нискостеблеста шума, прнар и сува трева),Петровец – с. Ржаничино (ниска вегетација).

Пожарите кај Македонски Брод 1 – с. Грешница, Македонски Брод 2 – с. Латово, Карбинци – с. Јунузлија и кај  Петровец – с. Средно Коњаре кај р. Пчиња се ставени под контрола.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ