недела, 11 јануари 2026

До 13 часот излезеноста 8,9 отсто

До 13 часот на повторните локални избори гласале 11.217 лица или 8,9 отсто, соопшти Државната изборна комисија (ДИК), повикувајќи се на податоците пристигнати од 209 избирачки места.

Објавено на

часот

Сподели

Како што рече на конференцијата за медиумите портпаролката на ДИК Радица Тодоровска Алексовска, гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое сѐ уште не е отворено.

„Во општина Врапчиште гласале 2.613 лица или 9,58 отсто, во општина Гостивар 8,74 проценти или 7.043 гласач, во Маврово – Ростуше 10,03 отсто или 1.061 лице, додека во општина Центар Жупа 6,61 проценти или гласале 500 избирачи“, рече Алексовска.

Повторените избори во овие четири општини се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира МВР преку официјалниот фејсбук профил.

Како што вели началникот на Секторот за односи со јавноста, Гоце Андреевски, МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес.

„До сега не се регистрирани инциденти или какви било нарушувања на јавниот ред и мир. Апелираме до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има какво било нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, наведува Андреевски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ