Просториите на центарот кој се наоѓа во централното градско подрачје, свечено ги отворија градоначалникот Тони Коњановски и генералниот секретар на Црвен крст на Македонија, Саит Саити.
Во обраќање до присутните, градоначалникот Коњановски потсети на проектите што локалната самоуправа ги поддржува, а ги реализира ОО на Црвен крст-Битола, меѓу кои поддршка за обука на лица за лична асистенција, обука за лица за нега во домот, потоа поддршка за згрижување на бездомни лица, како и поддршка за реализација на проектот „Итно копче“, кој треба да започне до крајот на годината.
Центарот за дневен престој за стари лица со активно стареење се реализира со заедничка соработка на Општина Битола, Министерството за социјална политика, демографија и млади, Општинска организација на Црвен крст Битола.






