Од 2018 година амбасадор на Русија во Македонија беше Сергеј Баздникин.
Пред неговото назначување во Скопјe, Зиков беше заменик-директор на Второто европско одделение на руското Министерство за надворешни работи.
Зиков (57) е искусен руски дипломат со подолг таж во Министерството за надворешни работи на Русија. Пред назначувањето во Скопје, тој ја извршуваше функцијата заменик-директор на Вториот европски депaртмент во руското МНР — сектор кој опфаќа земји од Европа, вклучително и Македонија.

Зиков бил одликуван со Орден за „Заслуги за татковината“ од прв степен од Путин во 2018 година.
Новиот руски амбасадор ја презема функцијата во време кога односите меѓу Русија и Македонија се затегнати, откако Русија ја стави земјава на списокот на „непријателски држави“. Претходно Македонија ги прифати сите санкции кои ЕУ и САД ги воведоа против Русија.






