вторник, 17 февруари 2026

ДКСК: Приходите од финансирањето изборна кампања за локалните избори биле приближно 569 милиони денари

Државната комисија за спречување на корупцијата, денеска, на 27-та седница, го усвои посебниот извештај за утврдените состојби во финансирањето изборна кампања за избор на градоначалници и советници во општините во РМакедонија 2025 година, со препорака дека за идните изборни процеси потребно е унифицирање на стандардите за евиденција и јавните правила во однос на учесниците, како и врската за банкарски податоци, а се отвора и прашање за дигитализирање на процесите на креирање на финансиските извештаи, со цел да се овозможи одговорно, отчетно и транспарентно водење на процесот.

Објавено на

часот

Сподели

Претседателот на ДКСК,  Адем Чучуљ, сумирајќи ги наодите во извештајот, посочи дека иако постојат основни механизми за финаниско известување и јавна отчетност, нивната ефикасност не е доволна поради правилата кои се дизајнирани, особено во однос на локланите избори кои се одржуваат во два круга, со голем број учесници. Тој посочи дека овие слабости во значаен дел се повторуваат и во претходните изборни циклкуси и посочи дека се потребни законски измени за усвојување подобри решенија.

Чучуљ истакна дека моделот на финасирање останува домнантно зависен од јавните средства, како и од внатрешнопартиски извори на учесниците. Проверливоста на финансирањето е ограничена, како што рече Чучуљ, поради системски пропусти.

ДКСК формирала 43 предмети по поднесени пријави, како и по сопствена инцијатива, кои се однесуваат на прекршување на Изборниот законик и на Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, за 38 предмети е донесена одлука, а за пет случаи потсапувањето е во тек.

Во однос на регистерот на службените возила на државните органи, Чучуљ рече дека од 1.514 институции, оваа обврска била исполнета од 635 институции, кои доставиле податоци, а 879 не доставиле податоци.

Вкупните приходи од финансирањето изборна кампања биле приближно 569 милиони денари, при што наголемиот дел – 46,7 отсто се од средствата за платено политичко рекламирање, а потоа следуваат донации од правни, физички лица… Трошоците за кампањата изнесувале речиси 301 милион денари, а најголемиот дел од средставата бил насочен кон рекламирање и пропаганда – 76 отсто, за одржување предизборни митинзи и собири се потрошени 8,3 отсто, за стручни услуги и истражувања 7,3 отсто, за транспорт и логистика 4,4 проценти, за репрезентација 1,8 отсто, за изнајмување простор 1,4 отсто.

Чучуљ посочи дека извештајот ќе биде доставен до Собранието, а од понеделник ќе биде објавен и на веб-страницата на ДКСК.

На денешната седница Софија Спасова-Медарска беше избрана за заменик-претседател на ДКСК во следните шест месеци.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ