Во пријавата се наведувало дека раководителот на институтот незаконито постапувал при избор на две лица во звање доцент, а за едниот кандидат се оспорувала целата постапка, додека за другиот се тврдело дека постои судир на интереси.
По барање на ДКСК, Државниот просветен инспекторат извршил вонреден инспекциски надзор и констатирал дека нема неправилности во постапката. Дополнително, Комисијата за спречување и заштита од дискриминација и Основниот граѓански суд исто така утврдиле дека нема прекршувања на законските одредби.
Во однос на наводите за судир на интереси, службеното лице доставило изјава под морална и кривична одговорност дека нема роднински, брачни или финансиски врски со избраниот кандидат.
Државната комисија за спречување на корупција ја отфрли и пријавата поднесена од познат подносител, во која се тврди дека бил изложен на изнуда на пари и закани од вработени во Министерството за внатрешни работи, Основното јавно обвинителство, судии и судски службеници.
Во пријавата дополнително се наведува дека поранешен претседател на Основен суд организирал да не се постапува по неговиот предмет.
„Констатиравме дека согласно Законот за спречување на корупција и судир на интереси, пријавата не содржи јасни наводи кои укажуваат на незаконити или недозволени дејствија на службени лица при вршење на јавни овластувања или службени должности“, се наведува во заклучокот на Комисијата.
ДКСК потсетува дека во однос на пријавата против претседателот на Основниот суд, комисијата веќе постапувала во 2021 година. Поради тоа, предложено е постапката да се отфрли, а одлуката беше едногласно донесена на денешната седница.






