ДКСК извршила проверка во регистерот на имотна состојба и интереси и констатирала дека 35 поранешни градоначалници не поднеле изјава за имотна состојба и интереси, па поради тоа ДКСК на сите нив ќе им издаде прекршочни платни налози. Истото важи и за 19 новоизбрани градоначалници за кои ДКСК исто така ќе иницира постапка за издавање прекршочни платни налози.
„ДКСК ќе ја следи состојбата и за сите наведени лица, кои и понатаму нема да ја исполнат законската обврска за доставување изјави, ќе иницира постапки за проверка на нивната имотна состојба и интереси“, велат од ДКСК.
Од новоизбраните градоначалници изјава за својата имотна состојба не поднеле, Митко Костадиновски – Виница, Александар Јовановски – Кичево, Нико Чонески – Крушево, Менди Ќура – Струга, Курто Дудуш – Шуто Оризари, Орце Ѓорѓиевски – Град Скопје, Дарко Костовски – Бутел, Андон Сарамандов – Гевгелија, Александар Стојкоски – Ѓорче Петров, Бети Стаменкоска-Трајкоска – Кисела Вода, Тодорче Николовски – Кратово, Стевче Стевановски – Новаци, Александар Китански – Пехчево, Јане Мицевски – Сопиште, Иван Јорданов – Штип, Даут Беќири – Арачиново, Блерим Сејдиу – Желино, Еркан Арифи – Липково и Суат Шаќиров – Чашка.
Актуелните градоначалници Иван Јорданов, Курто Дудуш, Тони Коњановски, Дарко Костовски, Александар Стојкоски и Митко Јанчев кои и претходно беа градоначалници на своите општини, не поднеле изјава за имотната состојба ниту по престанокот на претходниот мандат. Тоа не го направил ниту градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски кој претходно беше градоначалник на Кисела Вода.
Од останатите поранешни градоначалници изјава за својата имотна состојба не поднеле, Данела Арсовска – Град Скопје, , Бесник Емши – Боговиње, Андон Сарамандов – Гевгелија, Киро Нацков – Градско, Зоран Ногачески – Дебрца, Анго Ангов – Дојран, Урим Ибески – Долнени, , Бљерим Сејди – Желино, Коста Маневски – Зелениково, Александар Георгиевски – Илинден, , Стевчо Јакимовски – Карпош, Љупчо Папазов – Кочани, Тодорче Николовски – Кратово, Еркан Арифи – Липково, Димчо Атанасовски – Македонска Каменица, Горан Стојанов – Неготино, Стевче Стевановски – Новаци, Борче Митевски – Петровец, Александар Китански – Пехчево, Алија Јаоски – Пласница, Драган Анастасов – Пробиштип, Ацо Ристов – Радовиш, Борче Спасовски – Ранковце, Костадин Костадинов – Струмица, Азем Садики – Студеничани, Нухи Незири – Теарце, Горан Стојановски – Чашка и Сашко Комненовиќ – Чучер-Сандево.






