Новата малопродажна цена на еуродизел БС (Д-Е V) ќе биде 70 денари за литар исто како и на екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1), еуросупер БС – 95 и понатаму ќе се продава за 76, а еуросупер БС – 98 за 78 денари за литар.
Со одлуката на РКЕ за 1,149 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и ќе чини 40,928 денари.
Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек: за 3,305 отсто, кај дизелот за 8,111, кај екстра лесното масло за 7,554 и кај мазутот за 5,146 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,8039 отсто.