Малопродажната цена на мазутот се намалува за 0,614 денари од килограм и тој ќе чини 36,047 денари.
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ), денеска информира дека донела одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,93 отсто во однос на одлуката од 13.10.2025 година.
„Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек, кај бензините за 1,270 отсто, кај дизелот за 3,247 отсто, кај екстра лесното масло за 3,963 отсто и кај мазутот намалувањето е за 3,144 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,5468 отсто“, се вели соопштението од РКЕ.
Од 21.10.2025 година од полноќ максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат, за еуросупер 95 – 73 денари за литар, за еуросупер 98 – 75 денари за литар, еуродизел БС (Д-Е В) 67 денари за литар, масло за горење – кстра лесно 1 (ЕЛ-1) 66,5 денари за литар и мазут М-1 НС, 36, 04 денари за килограм.
Од РКЕ напоменуваат дека ова се максималните цени на нафтените деривати од вечерва на полноќ, а трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.






