Новата малопродажна цена на еуродизел БС (Д-Е V) ќе биде 69,5 денари за литар, а на екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) 66,5 денари. Еуросупер БС – 95 и понатаму ќе се продава за 75, а еуросупер БС – 98 за 77 денари за литар.
Со одлуката на РКЕ за 0,902 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и ќе изнесува 33,963 денари.
Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 1,220 отсто, кај дизелот за 3,302, кај екстра лесното масло за 2,323 и кај мазутот за 4,403 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,0096 отсто.






