среда, 9 јули 2025

Дизелот поевтинува за 2,5 денари

Малопродажната цена на еуродизел (Д-Е V) од полноќ се намалува за 2,50 денари по литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Објавено на

часот

Сподели

Новата цена на еуродизел БС (Д-Е V) ќе изнесува 70,50 денари за литар.

Малопродажните цени на бензините еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98 и на екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), не се менуваат.

За 1,499 денари поевтинува мазутот М-1 НС и еден килограм ќе чини 40,188 денари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ