По промената, дизел-горивото ќе може да се набави за 92,5 денари за литар. И дел од другите горива на бензинските станици на „Макпетрол“ веќе се продаваат за цена пониска од два денари од тие објавени од Регулаторната комисија за енергетика.
Горивото еуросупер БС-95 на „Макпетрол“се продава по цена од 84,5 денари за литар, додека литар еуросупер БС-98 чини 86,5 денари.
Регулаторната комисија за енергетика вчера ги објави следните цени на горивата: еуросупер БС-95 – 86,50 (денари/литар); еуросупер БС-98 – 88,50 (денари/литар); еуродизел БС – 95,50 (денари/литар).






