Прво го посетија Информативниот центар или на „Лазо Вилата“, каде што со топол чај, и презентација им беше прикажано од вработените во Националниот парк Пелистер со кои убавини располага паркот.
„Дипломатскиот кор и претседателот ги пречекавме и ги почестивме со топол чај, придружно со рум и лимон кој како милува и на крај ги почестивме со традиционална домашна топла ракија “, вели Сашо Мицевски, директор на НП Пелистер.
Претседателот Иванов изјави дека годинава во Битола на амбасадорите им била покажана Македонија во едно поинакво светло:
„По 20 години решиме да ја промениме традицијата и новогодишниот прием да го направиме малку поинаков. На амбасадорите има ја покажавме Македонија во малку поинакво светло и со сè што таа располага како овде во Битола, каде што градоначалникот си ги претстави сите свои проекти па и овде на Пелистер. Сега амбасадорите искуствата ќе ги однесат во своите земји, од каде што ќе чекаме туристи“.
Посетата продолжи кон хотелот Молика, од каде што дипломатите се упатија кон местото Ластојчин Камен. Таму беа запознаени со паноата на кои стои испишана историјата на месноста, податоци за надморската височина и слично. По кафе-паузата и ручекот во хотелот Молика, тие ја продолжија прошетката.
Оливера Михајловска
Телевизија Тера